Општина Могила и Здружението за Спорт и култура од Могила, во соработка со МКЦ – Битола го спроведува проектот „Медиумска писменост за млади во рурални средини“ со поддршка на Фондацијата за медиуми и граѓанско општество Македонски институт за медиуми (МИМ).
Целта на проектот е промоција на медиумската писменост помеѓу младите и децата од руралните средини и поттикнување на критичкото разбирање за медиумите, што ќе помогне во борбата против лажните вести и медиумските манипулации.
Целна група се учениците и наставниот кадар од основно образование во две рурални средини во Пелагонискиот регион – Демир Хисар и Могила.