По барање на Владата на Р. Македонија, Европската Унија се огласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Овие средства им се доделуваат на Општините во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области.
Грантот кој го добивме со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот во Општина Могила. Деновиве целосно се реализира реконструкцијата на патиштата во сите населени места предвидени според договорот и техничката спецификација. Воедно предвидени и асфалтирани беа улиците во населените места МОГИЛА, ДЕДЕБАЛЦИ, ИВАЊЕВЦИ И РАДОБОР. Во моментов во тек на реализација е улица Широка- А во населено место Могила.