Во тек се повеќе инфраструктурни проекти во населените места во Општина Могила

Во тек се повеќе инфраструктурни проекти во населените места во Општина Могила

Општина Могила интензивно работи на реализација на повеќе инфраструктрни проекти, информираат од оваа локална самоуправа. Пристапни патишта за земјоделците во Ношпал, подобрување на теренто во излетничкото место „Дупен Камен“, а во наеленото место Трновци по барање на месната заедница се пробиваат полски патишта и се поставуваат цевки за да се спречи поплавување на полето.

-Локалната самоуправа на Могила секојдневно, по план и програма за сите населени места во општината, работи на решаање на проблемите со кои се соочуваат сите групи граѓани особено земјодлеците.

Исто така,  Општината е вклучена и во креирање на политиките во земјодлеието, конкретно во секторот сточарство за поголема искористеност на ИПАРД фондовите.