Делегација на општина Могила на одбележување на празникот Илинден во Смилево

На покана на градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, делегација на општина Могила присуствуваше на свеченостите што ги организира Општина Демир Хисар по повод Денот на македонската револуционерна борба. Свечената прослава се одржа во Смилево – местото, симболот и гордоста на македонската национална идеја.
38239090_2244695012454267_5240725433950928896_nГрадоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска положи цвеќе пред спомен костурницата на Даме Груев и споменикот на Смилевските Илинденци.

„Денес, на најголемиот и најсветлиот македонски празник, Илинден, ми претставува особена чест и пријатно задоволство, да присуствувам во историското и слободарско Смилево. Денеска оддаваме почит на сите знајни и незнајни илинденци кои ги положија своите животи во остварувањето на главната цел, создавање независна македонска држава. Големиот македонски празник Илинден нека ни биде потсетник на нескршливата волја на нашиот народ, вербата во себе и во својата држава.” – изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.
38303972_2244694975787604_8764833412709089280_nНа свеченоста присуствуваше Владина делегација предводена од Министерот без ресор во Владата на Р. Македонија, Зоран Шапуриќ, заменик Министерот за Локална самоуправа, Дејан Павлески, советникот за здравство во Владиниот кабинет, Гоце Чакаровски, претставници од кабинетот на претседателот на државата, како и граѓани од соседните градови, политички партии, јавни претпријатија и здруженија на граѓани, претставници од Армијата на Република Македонија и други. Централната општинска прослава се одржа во спомен паркот во месноста Умалишта, покрај споменикот на Даме Груев.
38292858_2244695005787601_4776326782196383744_n