Директор

Директор

Наташа Бошковска – Директор на ОУ „Гоце Делчев“ во Могила од 1 ви јуни 2018 година.

Своето работно искуство го стекна во ОУ „Гоце Делчев“ – Могила од 2008 год. како одделенски наставник во комбинирани паралелки. Заврши Факултет за учители и воспитувачи на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.Како наставник и љубител на природата има соработка со невладини организации и здруженија поврзани со спортот и планината. Член на Комисија за млади при ФПСМ и член на МЕНСА Македонија.

 

Орган на раководење во основното училиште е директорот.

Директорот е одговорен за законитоста во работата и за материјално-финансиското работење на училиштето

Мандатот на директорот трае четири години, со можност за уште еден последователен мандат во истото училиште.

Директорот ги врши следниве работи:

– го застапува и претставува училиштето и е одговорен за законито работење,

– ја организира, планира и ја води работата на основното училиште,

– подготвува програма за развој на училиштето,

– подготвува предлог на годишна програма за работа,

– е одговорен за реализација на годишната програма за работа,

– е одговорен за остварување на правата и обврските на учениците,

– врши избор на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг

административно-технички кадар согласно со закон и актите на училиштето,

– врши распоредување на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг

административно-технички кадар,

– одлучува за престанок на работен однос на наставници, стручни соработници и

воспитувачи и друг административно-технички кадар согласно со закон и колективен договор,

– формира и раководи со училишната комисија за екстерно проверување на постигањата на учениците

– врши контрола врз начинот на водењето на професионалните досиеја од членот 91 став (3) на овој закон.

– поттикнува стручно оспособување и усовршување на наставниците, стручните соработници и воспитувачи,

– организира менторство за наставниците- приправници, стручните соработници приправници, воспитувачи -приправници, присуствува на часови во наставата согласно со планот за посета на часови од годишната програма за работа на училиштето, за што составува препораки и забелешки од остварената посета кои се приложуваат кон професионалното досие на наставникот и ја следи работата на наставниците, стручните соработници и воспитувачи и ги советува,

– ја следи работата на училишниот педагог, психолог и другите стручни работници,

– се грижи за соработката со родителите,

– ги известува родителите за работата на училиштето и за измени на правата и обврските на учениците,

– одлучува за воспитните мерки,

– ја поттикнува и следи работата на заедницата на учениците,

– обезбедува извршување на одлуките на училишниот одбор,

– ја донесува систематизацијата на работните места на училиштето,

– одлучува за склучување договори за работните односи,

– покренува постапка за дисциплинската одговорност на наставниците, стручните соработници и воспитувачи,

– се грижи за соработката на училиштето со здравствената установа во општината и

– врши други работи согласно со закон и статутот на училиштето.