Писателите Весна Димовска и Илија Мерковски од издавачката куќа Дата Песнопој од Битола, донираа 150 книги за библиотеката на ОУ „Гоце Делчев“ во Могила.
На примопредавањето на донацијата присуствуваше и градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, која што им се заблагодари за донацијата и порача дека секоја донација наменета за образовните институции е важна затоа што е од голема помош и корист за учениците.
Директорката на ОУ „Гоце Делчев“ од Могила, Наташа Бошковска се заблагодари за донацијата и нагласи дека соработката помеѓу издавачката куќа Дата Песнопој и ОУ „Гоце Делчев“ ќе продолжи и во иднина.
Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ од Могила, во знак за благодарност за донацијата одржаа приредба на која што рецитраа стихотворби и раскази и посакаа успешна учебна година.