Започнува изградбата на Крак 3 од фекална канализациона мрежа во Могила

Започнува изградбата на Крак 3 од фекална канализациона мрежа во Могила

Жителите на населеното место Могила ќе добијат фекална канализацона мрежа. Општина Могила денеска започнува со изградба на фекална канализациона мрежа на Крак 3 кој се наоѓа во селото Могила.
38085848_2242953612628407_491667622455148544_nИнвестицијата е вредна 399.920 илјади денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Могила. Со изградбата на новата канализациона мрежа ќе се обезбедат поквалитетни и поеколошки услови за живеење во општина Могила.
38118655_2242953782628390_561645674932731904_n„Оваа инвестиција за изградба на Крак 3 од канализационата мрежа во Општина Могила беше барање на жителите на нашата општина. Како локална самоуправа ја ставивме на листата на приоритетни проекти затоа што овој крак значително ќе се зголеми опфатноста и ќе се развие постојниот канализационен систем во општина Могила, и поради тоа за овој проект издовивме средства од буџетот на општината.“ – изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.
38142770_2242953779295057_5965598175577243648_nГрадежните активности за изградба на Крак 3 од фекалната канализацона мрежа во Општина Могила ќе ги изведува фирмата КОП – Инженеринг ДООЕЛ Скопје, со што според договорот склучен со фирмата, предвидено е изградбата да биде завршена во рок од 60 работни дена.

38235147_2242953639295071_8652497787167965184_n