Со Боженствена литургија во манастирот Света Петка во село Мусинци започна празнувањето на православниот празник Света Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка). На литургијата присуствуваше и градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска, која на сите православни верници им го честиташе празникот и им посака, здарвје, успех и љубов.
„Денеска се прославува големиот христијански православен празник Света Петка кој го слават нашите сограѓани во селата Путурус, Ношпал, Ивањевци, Мусинци и Горна Чарлија. На сите верници им го честитам празникот, им посакувам пред се здравје, среќа, да имаат љубов во своите домови. Македонскиот народ има традиција да ги чествуваат овие слави кои се одбележуваат со векови наназад, и истите треба идните генерации да продолжат да го прават тоа и да ги чуваат семејните вредности кои се неминовни во нашето општествено живеење, затоа што семејните вредности се ненадминливи.“ – изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.
Во текот на одебележувањето на големиот христијански празник Света Петка градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска, заедно со делегација на општина Мгоила и со бројни христијани, присуствуваше и ги проследи црковните церемонии во селата Путурус, Мусинци, Ношпал и Ивањевци кои по повод денешниот празник по традиција се одржуваа во манастириите и параклисите посветени на Света Петка.
Градоначалникот Гулевска се помоли за лично и здравје на најблиските посакувајќи им на сите верници да ги води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на заедничка среќна иднина.