Општина Могила домаќин на меѓународната манифестација „КУЛТУРНИ ВИДИЦИ“ посветена на 1.100 години од смртта на Св.Климент Охридски.
На манифестацијата присуствуваше актерска екипа на Народниот театар од Прилеп, врвни писатели од Монголија, Република Бугарија, Србија, Романија, Хрватска, Чешка, Словенија како и најпознатите македонски писатели. Гостите најпрво имаа прием кај Градоначалникот, а потоа граѓаните на Општина Могила и љубителите на пишаниот збор имаа можност да слушнат одбрани книжевни творби од писателите кои настапија.