Општина Могила потпиша меморандум за соработка со Здружението за култура и солидарност „Димче Могилчето“ од Мелбурн, Австралија.
Градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска и претставниците на Здружението се согласија својата соработка да ја манифестираат преку креирање на активности и проекти кои се од интерес и значење за иселениците од општина Могила во Австралија.
Со претставниците на Здружението „Димче Могилчето“ од Мелбурн, Австралија договорено е реализација на заеднички проектни активности, фестивали, концерти, хуманитарни акции, спортски активности и друго кои се однесуваат на граѓаните на општина Могила и иселениците од општина Могила во Австралија, спроведување на истражувања кои се однесуваат на положбата, стaтусот и правата на иселениците од општина Могила во Република Македонија, учество во креирање на документи што се однесуваат на иселениците од општина Могила во Австралија, заедничка координација при испраќање на претставници на домашни и меѓународни конференции од областите во кои Договорните страни работат и делуваат како и подготовка и спроведување на заеднички иницијативи за обезбедување на донации и проекти и организирање на заеднички активности од иселениците од општина Могила во Австралија, за жителите на општина Могила во Република Македонија.