Градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска, оствари средба со амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара. На средбата се разговараше за тековните активности што локалната самоуправа ги реализира во населените места во општина Могила. Амбасадорката на Република Турција Кара даде поддршка во работата на градоначалникот Гулевска и најави дека во најскоро време ќе оствари посета на општина Могила.
Општина Могила и Амбасадата на Република Турција во Република Македонија заеднички ќе го решаваат проблемот со фекалната канализација во населените места во општината, со што ќе им се помогне на македонското и турското население во општината. Градоначалникот Гулевска и амбасадорката Кара, на средбата акцент ставија на женската популација во општината, и во наредниот период ќе работат на нивна инклузија во општественото живеење во општина Могила.