На покана на Регионалното здружение за македонско – руско пријателство „А.А.Ростковски“ од Битола, градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р.Державин” присуствуваше на чествувањето за придонесот и работата на рускиот почесен конзул во Битола, Александар Аркадиевич Ростковски.Чествувањето беше организирано во чест на конзулот Ростковски, кој целиот свој труд го вложи во интерес на населението и за таа цел го даде и својот живот. На настанот покрај градоначалникот Гулевска, присуствуваа претставници од амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија, претставници од Рускиот конзулат од градот Битола како и Почесниот конзул на Република Унгарија во Македонија.