Врз основа на член 84 и член 86 од Законот за општа управна постапка („Сл. на РМ„ бр. 124/15), Градоначалникот на Општина Могила објавува:
ЈАВНА ОБЈАВА
За уредно доставување на решенија за данок на имот и
комунална такса за фирма/назив за 2020 година
Се повикуваат сите физички и правни лица кои се даночни обврзници во општина Могила по основ на данок на имот и комунална такса, на кои не им било доставено решение или од било кои причини не добиле решение со соодветно задолжение за календарската 2020 година, во рок од 10 дена од денот на објавувањето на оваа објава, да се јават во Одделението за финансиски прашања во општина Могила за подигање на даночните решенија.
Списоците со недоставени решенија се објавени на огласна табла во просториите на општина Могила, како и на официјалната веб страна: https://arhiva.mogila.gov.mk/
Јавната објава ќе се изврши и во службено гласило на општина Могила.
Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници, дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат ќе ги сносат самите даночни обврзници.
Бр. 03-823/1 Општина Могила 12.11.2020 година Градоначалник Могила Јасмина Гулевска
ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ ОД 2020 ГОДИНА-converted
ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ОД 2020 ГОДИНА